Отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница, информира ЦУК

виница.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Центарот за управување со кризи информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 920 повици на eдинствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 47,40%, а 52,60% за други потреби на граѓаните што не биле итни.


Имало седум пожари на отворено во последното деноноќие. Конкретно, Регионалните ЦУК Скопје и Битола информираат за по два, РЦУК Охрид, РЦУК Штип и РЦУК Куманово за по еден изгаснат пожар на отворено.

Од оваа институција информираат за ретка, но сепак опасна ситуација при што е отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица.

Конкретно, РЦУК Штип, информира дека пожарникарите од ТППЕ Виница вчера од 08:00 до 11:00 часот, имале техничка интервенција на испукана боца со хлор од 50 kg во филтер станицата. Интервенирале со две возила, четири пожарникари и четири други лица. Нема повредени лица, но на вработените во филтер станицата во Виница им е даден кислород, заради можност од вдишување на отровниот гас, велат од ЦУК.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK