Приведени двајца криминалци од Куманово за издржување затворски казни

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода 39-годишниот С.С. и 31-годишниот М.И., двајцата од Куманово, извести МВР.



„С.С. бил осуден на казна затвор од 10 години за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“ по член 237 и 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централнa потерница врз основа на судска наредба за доиздржување на две години и осум месеци од казната. М.И., исто така, бил баран по централнa потерница врз основа на судска наредба, за издржување на затворска казна од шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.

Лицата биле спроведени во Казнено-поправна установа Затвор К’шање за издржување на казните.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK