Руското Министерство за надворешни работи го повика германскиот амбасадор во Москва на разговор откако во јавноста протече снимка од доверлив разговор меѓу високи офицери на германската армија за војната во Украина, во која се расправаше за хипотетичката можност за испраќање ракети со долг дострел од кон Украина.
Информациите за поканата на германскиот амбасадор во руското Министерство за надворешни работи утрово ја објавија руските агенции, кои додаваат дека видеото го објавил и Кремљ, велејќи дека „докажува дека Западот е директно вклучен во војната во Украина. ”
Германскиот министер за одбрана го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека се обидува да ја „дестабилизира“ Германија, откако Русија на социјалните мрежи објави доверлива размена на информации меѓу германски офицери за испорака на оружје за Украина.
„Едноставно, ова видео се користи за дестабилизација и поткопување на единството на Германија“, изјави Борис Писториус за новинарите во Берлин.
„Очигледно, станува збор за поткопување на нашето единство (…), за внатрешно проширување на политичките поделби и искрено се надевам дека Путин нема да успее и дека ќе останеме обединети“, додаде тој.
Во петокот на социјалните мрежи од Русија беше објавена аудио снимка од состанок на конференција на високи германски офицери. Видеото првпат го објави Маргарита Симонјан, уредничката на „Русија денес“.
Учесниците на разговорот разговараат за можноста за испорака на ракети „Таурус“ од германско производство со долг дострел во Киев, што треба да се направи за да им се овозможи на украинските сили да ги користат и каков е нивниот потенцијален ефект.
Германското Министерство за одбрана завчера ја потврди автентичноста на снимката. Содржината на снимката е многу засрамувачка за Германија бидејќи Берлин официјално одбива да испорача ракети Таурус на Киев, наведувајќи го ризикот од ескалација на војната.
Во исто време, за време на разговорот, офицерите откриваат детали за тоа како Обединетото Кралство и Франција и помагаат на украинската армија во употребата на ракетите „Скалп“, кои двете земји му ги снабдуваат на Киев.