Годишната стапка на инфлација во Турција во февруари изнесува 67,07 отсто, што е највисока во последните 15 месеци

inflacija.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во февруари годишната стапка на инфлација во Турција се забрза од јануарските 64,86 отсто на 67,07 отсто, објави денеска турскиот институт за статистика Туркстат.


Инфлацијата во Турција е највисока во последните 15 месеци.

На годишно ниво, во февруари, најмногу поскапеле услугите во хотелите, кафулињата и рестораните, за 94,78 отсто, како и во образованието за 91,84 отсто, здравството за 81,25 отсто и превозот за 77,98 отсто.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK