Асад: Трамп веројатно ќе победи на изборите, но сите американски претседатели се слични

Трамп-Бајден-може-да-не-вовлече-во-трета-светска-војна.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, веројатно ќе победи на претседателските избори во ноември, но малку е веројатно дека политиката на Вашингтон ќе се промени, бидејќи „сите американски претседатели се слични“, изјави денеска сирискиот претседател Башар ал Асад.


„Анализата на медиумите и другите информации укажуваат на тоа дека Трамп најверојатно ќе победи. Но, секогаш сум велел дека сите американски претседатели се слични. Како што реков претходно, тие се само извршни директори“, рече тој.

Според него, дури и ако некој од нив ја смени политиката, треба да се погледне „кој е вистинскиот креатор на политиката зад тој што ќе победи на изборите“.

„Тоа се лобија, медиуми, финансиери и банкари, оружје и нафта. Тие ќе победат во секој случај“, посочи Асад.

Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември 2024 година.

Ова се 60-ти претседателски избори по ред, а ќе се одржат заедно со изборите за сите места во Претставничкиот дом и 33 места или околу една третина од Сенатот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK