(Видео) Снежна бура ги погоди Калифорнија и Невада, снег на места и до три метри

sneg.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Огромна снежна бура за време на викендот зафати делови од американските сојузни држави Калифорнија и Невада, пишува „Би-би-си“.


Снежната бура ги затвори главните патишта и остави десетици илјади луѓе без електрична енергија.

Невремето е особено силно во планинскиот регион Сиера Невада, каде ветровите достигнаа брзина од 305 километри на час, јавува „Би-Би-Си“. Тамошните жители беа предупредени на екстремно висок ризик од лавини.

Мапата за снабдување со електрична енергија покажува дека повеќе од 33.000 луѓе во Невада и речиси 24.000 во Калифорнија се без струја. Во саботата беа затворени 121 километар од Меѓудржавниот 80. На повисоките височини се очекува да падне снег до три стапки, соопштија американските метеоролози, предупредувајќи дека тоа може да создаде „опасни по живот ситуации“ за луѓето во близина на езерото Тахо.

Националниот парк Јосемит исто така беше затворен во петокот, а посетителите беа замолени да заминат до пладне. Метеоролозите ги повикаа луѓето да не патуваат, предупредувајќи дека ќе биде потребно долго време за да се спасат патниците од снегот доколку се заглават во невремето.

Екстремните временски услови ги зафатија и другите делови на САД, пишува Би-Би-Си.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK