Др. Нико Беќаровски: За жал веќе 33 години едни ‘нови политички команданти” си играат со народот #АтомскиСлева и #АтомскиСдесна, а народов се навикна на живот со гас маска, заглибен во кал

niko_bekjarovski_@34243243423
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

АTOMSKI S LEVA

Сите кои служеле во ЈНА веројатно ја паметат оваа омразена изрека за секој војник.


“Атомски с лева” значеше дека лево од нас е фрлена атомска бомба, по што секој војник мораше веднаш да ја стави на глава гас-маската и да се фрли на земја десно од себе.

Исфрустрираните команданти, често знаеа кога ќе видат кал или вода десно по патот по кој марширавме, намерно да викнат “атомски с лева”. Послушните војници, веднаш ја ставаа гас маската и се фрлаа во калта десно од себе.

Јас никогаш не ја ставив гас маската и не се фрлив во калта. Секогаш легнував лево без маска и кога капетанот ќе дотрчаше бесен урлајќи:

“Бећаровски где ти је маска, шта се ниси бацио у блато” го добиваше истиот одговор:

“”Друже капетане, мене је погодила атомска бомба и пао сам мртав”.

Нормално, насамарен и бесен, ми се одмаздуваше со “Наградно рибање ВеЦе-а”

За жал веќе 33 години едни ‘нови политички команданти” си играат со народот #АтомскиСлева и #АтомскиСдесна, а народов се навикна на живот со гас маска, заглибен во кал.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK