Лидерот на данската опозициска Конзервативна народна партија, Сорен Папе Поулсен, почина денеска како последица на мозочно крварење, соопшти неговата партија.
Поулсен (52), поранешен министер за правда, колабирал за време на партиски состанок и итно бил пренесен во болница, додаде неговата партија, објави Ројтерс.
Во партиското соопштение се вели дека последното нешто што го доживеал бил голем аплауз од неговите сопартијци.