На 25 години затвор е осуден мажот во САД кој уби девојка оти му влегла во дворот

773e2e9e-1b19-4bb6-a324-fc391a55c088.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Судија во САД вчера го осуди 66-годишниот маж на најмалку 25 години затвор за пукањето и убиството на 20-годишната девојка, Кејлин Гилис, која минатата година по грешка дошла до влезот од неговиот дом во северниот дел на Њујорк.


„Мислам дека можеш да го направиш тоа повторно. Не презеде одговорност за своите постапки. Едноставно не разбираш што направи“, му рече на Кевин Монахан, окружниот судија на Вашингтон, Адам Мишелини.

Кејлин Гилис била излезена со уште три лица, а кога сакале да се вратат, Монахан пукал и ја погодил Гилис во вратот, пишува „Си-ен-ен“.

Монахан на суд тврдеше дека смртоносниот истрел случајно го испукал затоа што се сопнал. Тој рече дека мислел дека неговата куќа е „под опсада“ од натрапници и прво испукал предупредувачки истрел за да ги исплаши.

За време на судењето, тој рече дека сакал само да ја заштити својата сопруга. Раскажа како ги разбудил звукот на три возила на неговиот пат: два џипови и мотоцикл. Тој и рекол на сопругата да се скрие во плакарот, додека ја наполнил пушката, излегол надвор и испукал предупредувачки истрел. Кога автомобилите се свртеле и полека почнале да се оддалечуваат, Монахан, како што тврди, изгубил рамнотежа и го испукал смртоносниот истрел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK