На 30 хонорарци им се прекинати договорите во МКЦ, затворени кафулето и продавницата

На-30-хонорарци-им-се-прекинати-договорите-во-МКЦ-затворени.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со одлука на директорот на МКЦ, Арбен-Бени Шаќири, на 30 хонорарци од Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје не им се продолжени договорите за работа, откако Државната комисија за спречување на комисија (ДКСК) доставила писмо со препорака до Центарот.


Според информациите од МКЦ, повеќе нема да се организираат настани се до завршувањето на изборниот процес, или поточно нема да се реализираат во нормални услови или со нормален капацитет како во регуларна ситуација.

Со тоа, во МКЦ повеќе нема да се ангажираат лица за предавања во Планетариумот, лица за реализација на програмските активности (технички лица и орагнизатори на настани), кафулето е целосно затворено, затворена е и Апотеката, додека киното Милениум ќе работи со преполовена дејност.

Вработени во Младинскиот културен центар велат дека во суштина, договорите кои се прекинати воопшто не се поврзани со користењето на буџетските средства, туку се однесуваат на соработници кои генерираат приход и истите соработници се исплаќаат од генерираниот сопствен приход.

„МКЦ досега се соочил со многу изборни процеси во кои биле ангажирани лица согласно законските насоки. Дополнително, институцијата во 2023 е доведена во незавидна финансиска положба и без програмата која носи приход, е невозможно да се намалат милионските долгови продуцирани во толку краток период“, велат дел од вработените во МКЦ, коментирајќи ја одлуката како неоснована.

Арбен Шаќири беше назначен за директор на МКЦ во јануари 2024 година со одлука на Градоначалничката на Градот Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK