Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ за кандидатурата на Силјановска-Давкова

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Скопје ќе ја одржи конвенцијата за избор на кандидат за претседател на државата, функција за која се пријави професорката Гордана Силјановска Давкова.



 

Официјалниот дел на конвенцијата ќе почне во 13 часот, пришто предвидено е обраќање на Силјановска Давкова. Потоа ќе следи двочасовна пауза за гласање.

По утврдување на изборот обраќање ќе има повторно веќе избраниот кандидат на конвенцијата и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

СДСМ утре ќе одржи конгрес на кој треба да се официјализира поддршката за актуелниот претседател Стево Пендаровски кој вчера ја објави кандидатурата за нов мандат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK