Детали од сведочењето на таткото на Коста за масакрот во српското училиште – ја префрлал вината и барал почит

Детали-од-сведочењето-на-таткото-на-Коста-за-масакрот-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Одбраната на Владимир Кецмановиќ, таткото на момчето убиец од ОУ „Владислав Рибникар“ се обидува да ја префрли вината  на сопственикот на стрелиштето Ратко Ивановиќ,  за тоа што неговиот син се фатил за оружјето со кое во мај ги уби своите врсници и училишниот чувар во најголемиот училишен масакр во Србија.


Како што пишува „Блиц“, на вчерашното судење на родителите на момчето убиец, Владимир Кецмановиќ продолжил да се брани со напад кон главниот јавен обвинител Ненад Стефановиќ, на распитот, секогаш кога ќе го прашал нешто за момчето убиец.

„На секое прашање на кое не одговараше, веднаш почнуваше да му вика на обвинителот, да кажува дека не го почитува“ вели извор на „Блиц“ запознаен со случувањата во судницата.

Прашањата кои го „извадиле од такт“ Кецмановиќ, меѓу другото, се однесувале на начинот на кој момчето убиец било тренирано да пука со пиштол, но и како дошло до оружјето со кое ги убивал своите врсници.

Како што објаснува изворот на „Блиц“, одбраната на Кецмановиќ имала тактика да ја префрли вината врз сопственикот на стрелиштето.

„При сослушувањето на Кецмановиќ донесоа очигледни заклучоци со кои се обидоа да укажат дека Владимир Кечмановиќ не му го дал на синот оружјето, туку сопственикот на стрелиштето“, вели изворот на „Блиц“.

Владимир Кецмановиќ на вчерашното судење одбил да одговори на прашањата на родителите на убиените деца.

Тој не сакал ниту да одговори на прашањето кој е одговорен што неговиот син на 3 мај земал пиштоли и извршил масакр во училиштето.

Изворот наведува дека Кецмановиќ молчел на прашањето на главниот јавен обвинител кој е одговорен, а кога му било повторено прашањето, тој кратко одговорил: „Не знам“.

„Не го кажа ни името на синот, иако многу добро знае дека тринаесетгодишникот извршил грозоморно злосторство“, вели изворот на „Блиц“.

Сведочењето на Владимир Кецмановиќ уште еднаш ги вознемири родителите на убиените деца во основното училиште „Владислав Рибникар“, кои на крајот од рочиштето многу потресени ја напуштија судницата.

Инаку, пред почетокот на рочиштето, мајката на момчето убиец застанала на сред ходникот пред судницата и не ни погледнала назад бидејќи околу неа биле родителите на децата убиени од нејзиниот син.

Ден претходно започна сослушувањето на Владимир Кецмановиќ, кој, како што пишаат српските медиуми, изјавил дека не може да прифати некој да го смета за одговорен за она што се случило на 3 мај.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK