Претседателот на „ГРОМ“ Стевчо Јакимовски објави на Фејсбук дека ги собрал потребните 10.000 потписи за претседателската кандидатура.
„Потписите се собрани, битката допрва почнува.
Кога не сум фаворит обично сум најсилен а првата цел е влез во вториот круг“, пишува Јакимовски.
Македонија, како што вели, заслужува искусен политичар кој знае како да го врати значењето на функцијата Претседател на Македонија.
„На Република Македонија и треба храбар претседател, а не марионета.
Секој од нас заслужува подобро. Храбро до победа. Да живее Македонија“, вели Јакимовски