Неколку лица се повредени денеска кога автомобил удри во толпа луѓе кои чекаа на трамвајската станица во градот Шчечин во северозападна Полска, а потоа се судри со три други возила, јавија локалните медиуми.
„ТВН24“ објави дека околу 19 лица се повредени, меѓу кои три деца, а две лица се во критична состојба, пренесе АП.
Полицијата соопшти дека возачот, 33-годишен маж, избегал од местото, но подоцна бил уапсен.
BREAKING 🚨 17 injured as car drives into crowd in Polish city of Szczecin: official
READ: https://t.co/ZNxM9qvHk7 pic.twitter.com/YvL6ACPmj0
— PheonixLioness8379 (@PheonixLioness1) March 1, 2024
Според полицијата, станува збор за 33-годишен Полјак, жител на Шчечин, кој побегнал, но набрзо бил уапсен. Полицијата не се сомнева во тероризам.
Меѓу повредените има и три деца, изјави портпаролот на локалната полиција Павел Панкао. Според информациите, две лица се во критична состојба.
Инцидентот се случил на фреквентна раскрсница на почетокот на попладневниот шпиц, околу 16 часот по локално време.