Наставниците, професорите, здравствените работници, полицајците и војниците беа сведоци на зголемување на платите како никогаш досега, напиша на социјалните мрежи вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
„Бројките сами по себе зборуваат за нашите достигнувања во подобрувањето на благосостојбата и условите за работа“ појаснува Битиќи.
Тој сподели инфографик од кој се гледа разликата во платите во 2016 и 2023 година.
„Ако не верувате во овие бројки, разговарајте директно со овие професионалци од јавниот сектор. Тие се сведоци на позитивните промени што ги донесовме во нивните животи и во целиот јавен сектор.
Дела, не зборови“, потенцира Битиќи во напишаното.