(Видео) „Се јавуваат во мртовечниците и им се закануваат да не го преземаат телото“, остануваат уште неколку часа до погребот на Алексеј Навални

Видео-„Се-јавуваат-во-мртовечниците-и-им-се-закануваат-да.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот руски опозициски лидер Алексеј Навални треба да биде погребан денеска, но членовите на неговиот тим тврдат дека се уште се соочуваат со тешкотии при организирањето на церемонијата. Неговата портпаролка Кира Јармиш потврди дека не успеале да најдат погребна кола за да го однесат телото во црквата.



„Родните пристигнаа во мртовечницата во 10 часот, кога требаше да го предадат телото на Алексеј. Телото се уште не е предадено“, напиша Кира Јармиш на „Икс“.

Таа рече дека планираниот распоред на погребната церемонија „се уште не е променет“, но предупреди на можноста за одложување.

„Непознати лица се јавуваат во мртовечниците и им се закануваат ако прифатат да го преземат телото на Алексеј“, рече таа.

Погребот треба да се случи во Маржино, на периферијата на Москва. Планот е комеморацијата да започне во 14:00 часот по московско време (12:00 часот по македонско) во црквата.

Погребот треба да се изврши на блиските гробишта Борисовскоје во 16:00 часот по московско време. Погребот ќе се пренесува во живо на јутјуб каналот на Навални.

Луѓе веќе почнаа да се собираат пред црквата каде што ќе се одржи комеморацијата. Присутна е силна полициска заштита, а во близина се стационирани и десетици полициски возила.

Рускиот опозициски лидер почина на 16 февруари во руски затвор во Арктичкиот круг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK