Нема повеќе гарантирани цени во маркетите, секое нелогично зголемување ќе биде санкционирано

Нема-повеќе-гарантирани-цени-во-маркетите-секое-нелогично-зголемување-ќе.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од денеска нема повеќе гарантирани цени на производите во маркетите. Како што порача претходно вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, секое нелогично зголемување на производите, кое ќе биде надвор од пазарната логика, ќе биде санкционирано.


„Доколку не се донесе законот за нефер трговски практики, соодветно ќе реагираме. Секое нелогично зголемување на цените, кое ќе биде надвор од пазарната логика, ќе биде санкционирано, а што тоа ќе значи, знаеме од минатото“, рече Битиќи.

Тој оценува дека, конечно, лекцијата кај трговците е научена.

„Ние сметаме дека, конечно, лекцијата е добиена, дека во државата, освен правење бизнис и креирање профит, мора да има морал и етика кај компаниите. Сметам дека замрзнувањето на цената не е една од мерките што соодветствува со пазарната економија, оценувам дека треба да се вратиме во нормалните текови на живеење, а на бизнисмените им останува соодветно да се однесуваат. Тоа нема да значи дека, еве, ако во Собранието нема разум за носењето на законот за нефер трговски практики, ние нема да реагираме“, рече Битиќи.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, вчера порача дека излегуваат на терен и дека ќе извршуваат надзори во сите големи маркети во државата.

Тој апелираше до трговците на мало, но и до трговците на големо, да бидат општествено одговорни и да ги приспособат цените во согласност со стандардот на граѓаните.

„Пазарниот инспекторат при надзорите ќе опфати поширок обем на закони за постапување, како што се Законот за заштита на потрошувачите, Законот за трговијата, Законот за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност, Законот за инспекциските надзор, Законот за Државниот пазарен инспекторат итн.

Повеќепати напоменав, а ќе повторам и сега, дека никој не е над законот, а оној што ќе применува нечесни трговски практики и ќе ги прекрши законите, ќе биде санкциониран, а во зависност од сторениот прекршок, заклучно со денес, постои можност и за затворање објекти за вршење дејност на определен временски период“, изјави директорот на ДПИ, Горан Трајковски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK