Вучиќ од Тирана: Украина е една од ретките земји што може да зборува за територијален интегритет

vucic.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави  дека Украина е една од ретките земји што може да зборува за територијален интегритет.


– Денеска не и е лесно на Украина, а ние немаме ништо против Украина, тие не го признаа Косово. Реков дека Украина е една од ретките земји што може да зборува за територијален интегритет.  За нас е важно да имаме добри односи со Украина, Украина не го призна Косово – рече претседателот.

Тој потсети дека евентуалната поинаква одлука на Украина во однос на Косово ќе има многу сериозно влијание врз најмалку две европски земји.

– Верувам дека ќе продолжиме да градиме пријателски односи со Украина и почитувајќи ја одлуката на Советот за национална безбедност од пред две години, ќе опстоиме на политиката на пријателство кон другите актери од истокот на Европа, вклучително и Руската Федерација, изјави Вучиќ.

Претседателот на Србија, Вучиќ,  во Тирана учествува на Самитот Украина – Југоисточна Европа со претседателот на Украина Володимир Зеленски и лидерите на 13 европски земји и претставници на ЕУ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK