„Овие скали вратија многу мои соседи од Карпош“ – Ванковска вели дека дел од пензионерите и болните не успеале да се потпишат

„Овие-скали-вратија-многу-мои-соседи-од-Карпош-–-Ванковска.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Соседи на професорката, Билјана Ванковска, не успеале да го дадат својот потпис за нејзината кандидатура поради големиот број на скали во објектот, објави Ванковска.


Професорката вели дека старите и болните не можеле да ги искачат.

„Овие скали вратија многу мои соседи од Карпош – стасале дотаму, но стари и болни, не можеле да ги искачат скалите и се вратиле тажни. Ние не сме свесни колку старееме како нација и колку малку грижа водиме за повозрасните и немоќните. Не само денес и за оваа работа! За секоја! Затоа бунтот на пензионерите заслужува секој респект и поддршка – тие луѓе што си го вградиле животот во оваа заедница се сега маргинализирани“, рече Ванковска.

Понатаму, таа во статус на социјалните мрежи напиша и дека добила три многу драгоцени потписи од нејзини драги соседи, кои дента и дале поддршка, откако вечерта го изгубиле својот син.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK