Европската унија треба да размисли за користење на профитот од замрзнатите руски средства за набавка на воена опрема за Украина, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Време е да започнеме разговор за искористување на неочекуваните профити од замрзнатите руски средства за заедничко купување на воена опрема за Украина“, рече Лајен во Европскиот парламент, пренесува Ројтерс.
Таа во својот говор ја повика ЕУ да направи повеќе за одбранбената политика и најави презентација на првата европска индустриска стратегија за одбрана во наредните денови, пренесува Анса.
„Во срцето на одбранбената стратегија „мора да има едноставен принцип: Европа мора да троши повеќе, да троши подобро, да троши на европски начин“, нагласи Лајен.
Претседателот на Европската комисија рече и дека една од главните цели ќе биде приоритетот на заедничките набавки во одбранбениот сектор.
„Исто како што направивме со вакцините или природниот гас“, рече Лајен во Европскиот парламент.