Ванковска поблиску до претседателска кандидатура, собра 7.876 потписи, Јакимовски досега има 6.676

Ванковска-поблиску-до-претседателска-кандидатура-собра-7876-потписи-Јакимовски-досега.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Професорката Билјана Ванковска која е предложена од политичката партија Левица, досега има собрано 7.876 од потребните 10.000 потписи за претседателската кандидатура. Зад неа е Стевчо Јакимовски од ГРОМ со 6.676 потписи.

Досега Бујар Османи, Арбен Таравари и Максим Димитриевски успеаа да соберат 10.000 потписи и со тоа да бидат кандидати за претседател на државата.

Мерсиха Смаиловиќ од Бошњачката партија има собрано 887 потписи, Ѓорѓи Манасков – 267, а Зорица Цветковска – 140, Господин Попоски – 40.

Согласно роковникот на Државната изборна комисија, рокот за собирање потписи трае до 8 март.

Потписи ќе собираат и Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски од СДСМ иако можат да влезат во претседателската трка со поддршка на 30 пратеници.

Силјановска Давкова собирањето на потписите ќе го почне во недела на 3 март, по Конвенцијата за нејзината официјална кандидатура ден претходно, додека Пендаровски собирањето потписи ќе го направи на почетокот на наредната недела, исто така по неговата Конвеција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK