Ерлинг Халанд го растури Лутон во осминафиналето во ФА купот. Бранителот на трофејот Манчестер сити победи во Лутон со 6:2, а Халанд ги постигна првите пет гола.
Ерлинг Халанд за помалку од еден час успеа да постигне пет гола. Асистент за првите четири гола беше Кевин Де Брујне, а за петтиот му асистираше Бернардо Силва.
Првиот гол беше постигнат во втората минута, а вториот во 18. минута.
До крајот на првото полувреме, поточно, во 38. минута, Халанд го комплетираше хет-трикот.
Тогаш Лутон се „закани“ со два гола за краток период, интересно, Џордан Кларк двата пати беше стрелец, а асистент Рос Баркли.
Сепак, експресен одговор имаше и од норвешкиот напаѓач, кој во рок од три минути постигна уште два гола.
Точка на натпреварот стави Матео Ковачиќ.