Шведскиот репрезентативец е во кома поради болест на мозокот

Шведскиот-репрезентативец-е-во-кома-поради-болест-на-мозокот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шведскиот репрезентативец Кристофер Олсон е хоспитализиран и ставен е во вештачка кома поради неидентификувана болест на мозокот, објави неговиот ФК Митјиланд (ФЦМ).


„Кристофер Олсон боледува од навидум акутно заболување на мозокот кое не е резултат на некоја самонанесена повреда или надворешни фактори“, се вели во соопштението на ФЦМ.

Клубот мораше да се огласи за да стави крај на шпекулациите поттикнати од отсуството на фудбалерот.

„Шведскиот репрезентативец изгуби свест во својот дом во вторник на 20 февруари и беше префрлен во Универзитетската болница во Архус, каде беше хоспитализиран и ставен на респиратор“, се вели во соопштението на клубот.

Откако ја започна својата кариера во Арсенал, 28-годишниот Олсон од Норчепинг играше за ФЦМ и АИК Стокхолм, потоа Краснодар и Андерлехт, пред минатото лето повторно да се приклучи на ФЦМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK