Прогноза на СЗО: Повеќе од половина од светот е изложен на ризик од мали сипаници

Прогноза-на-СЗО-Повеќе-од-половина-од-светот-е-изложен.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Светската здравствена организација (СЗО) издаде предупредување дека до крајот на 2024 година, повеќе од половина од светот ќе биде под „висок или многу висок ризик“ од сипаници.


Според извештаите, Наташа Кроукрофт, виш технички советник за сипаници и рубеола, на прес-конференција во Женева рече дека „она од што се плашевме доаѓа оваа година“.

„Видовме голем број луѓе кои не се вакцинирани, и ако не се справиме брзо со ова, сипаниците ќе ги „искористат“ предностите“, рече Кроукрофт.

СЗО објави дека во светот се зголемува бројот на случаи на мали сипаници, познати и како „морбили“ поради големиот број пропуштени вакцини за време на пандемијата на коронавирус.

„Од податоците произведени од Центрите за контрола и превенција на болести со податоците на СЗО, можеме да видиме дека повеќе од половина од сите земји во светот ќе бидат изложени на висок или многу висок ризик до крајот на оваа година“, додаде Кроукрофт.

Луѓето кои немале мали сипаници или кои не биле вакцинирани со МРП вакцината се изложени на ризик да се заразат со вирусот на мали сипаници.

Малите сипаници најчесто се сметаат за детска болест, но може да се појават на која било возраст кај невакцинирани и осетливи луѓе.

Имунитетот по болеста, како и кај целосно вакцинирани лица, се смета за доживотен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK