Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија му изрече казна на Кристијано Роналдо за недоличното однесување во текот и по натпреварот со Ал-Шабаб.
Португалецот падна на провокациите од трибините. Навивачите на Ал-Шабаб во текот на мечот извикуваа „Меси, Меси“.
Според „Дејли Мејл“, Роналдо доби суспензија од два натпревари. Повикувајќи се на пишувањата на медиумите во Саудиска Арабија, „Дејли Мејл“, пишува дека покрај суспензијата, Роналдо ќе добие и парична казна.
Роналдо ќе ги пропушти натпреварите со Ал-Хазма во четврток, како и со Ал-Аин во четвртфиналето на азиската Лига на шампиони.
Роналдо, инаку, е најдобар стрелец во лигата со 20 гола на 22 натпревари.
— @TrollFootball Videos (@TF_Video) February 25, 2024