Убиството во Блаце можно е да е поврзано со пожарот во Чаир

Убиството-во-Блаце-можно-е-да-е-поврзано-со-пожарот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Скопското обвинителство изврши увид на лице место во близина на Блаце, каде вчера беше пронајдено безживотно тело на маж со прострелни рани.


При увидот подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, а јавниот обвинител даде насоки да се извршат проверки и да се преземат дејствија за обезбедување на докази.

Од Обвинителството информираа дека се проверува поврзаност на убиството со пожарот во угостителскиот објект во Чаир. Во вториот случај, подигнати се траги од лице место, обезбедени се снимки од видео надзор. Според првичните сознанија, пожарот бил подметнат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK