Убиство се случи попладнево на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце.
Според првичните информации од полицијата, убиениот бил најден на локален пат со прострелни рани.
„Во 18.10 ч. во СВР Скопје е пријавено дека во близина на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце, Н.Т. го пронашол неговиот брат З.Т. (56) без знаци на живот, со прострелни рани од огнено оружје“, велат од МВР за „Макфакс“.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Засега не е познато кој стои зад убистото, а според неофицијални информации, убиениот бил татко на криминалец од подземјето.
Убиство ги потресе граѓаните и пред пет дена, кога две лица во Куманово беа застрелани и починаа, а уште едно заврши со прострелни рани во болница.