Samsung ја претставува визијата за Galaxy AI на MWC 2024 преку најнови производи и услуги

samsung_2024 MWC Galaxy AI_2
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На посетителите ќе им бидат понудени моќни искуства со серијата Galaxy S24 од прва рака, проширен екосистем на производи и платформата Samsung Connected Health, сите засилени со Galaxy AI

Samsung Electronics  претстави нови мобилни искуства со функциите Galaxy AI на Светскиот конгрес за мобилни телефони (MWC) за 2024 година, кој започна вчера во Барселона, Шпанија. Посетителите на штандот на Samsung практично ќе ги искусат функциите Galaxy AI во сите производи на Galaxy, со фокус на серијата Galaxy S24, која нè воведува во новата ера на мобилната вештачка интелигенција. Функциите Galaxy AI[1], исто така, ќе бидат проширени низ портфолиото на Samsung, вклучувајќи поинтелигентна продуктивност со серијата Galaxy Book4, интелигентно здравје со серијата Galaxy Watch6 и Galaxy Ring, кој ќе биде претставен јавно за прв пат.


„Нашите најнови производи и иновации на Galaxy ја отклучуваат моќта на мобилната вештачка интелигенција, која ќе ги поттикне корисниците да се отворат кон нови можности во својот секојдневен живот“, рече Т.М. Рох, претседател и раководител на Mobile eXperience Business во Samsung Electronics. „Возбудени сме што на MWC оваа година ќе ги прикажеме функциите Galaxy AI низ нашето портфолио, вклучувајќи ја и серијата Galaxy S24, и докажувајќи колку се овие уреди моќни во овозможувањето подобра, поинтелигентна и поповрзана иднина.“

Претставуваме нова ера на мобилна AI

На штандот, Samsung ќе ги претстави функциите на вештачката интелигенција на серијата Galaxy S24, кои ја зајакнуваат комуникацијата и креативноста на корисникот во секојдневните сценарија. Тука спаѓаат функциите како Превод во живо (Live Translate)[2] со вештачка интелигенција за двонасочни преводи на телефонски повици во реално време со цел надминување на јазичните бариери. Функцијата Пребарување со заокружување на Google (Circle to Search with Google)[3] овозможува брзо и лесно, поинтуитивно пребарување со едноставен гест. Исто така, ќе биде прикажана функцијата Помош за белешки (Note Assist)[4], која ги поедноставува и организира сложените текстови, како и Генеративно уредување (Generative Edit)[5], која му овозможува на корисникот слободно да ја менува големината или да ја смени позицијата на објектите во фотографиите за поголема креативна слобода.

Samsung, исто така, има простор каде посетителите ќе можат да ги проверат моќните перформанси на камерата во серијата Galaxy S24. Во зоната што личи на затемнета концертна сала, посетителите ќе можат да фотографираат одблиску мали објекти поставени на сцената за да ги испробаат можностите на Nightography од серијата Galaxy S24, надградени за да бидат постабилни при слаба осветленост благодарение на ProVisual Engine[6], кој се базира на Galaxy AI.

Овие можности на Galaxy AI наскоро ќе се прошират на постоечките модели на Galaxy, вклучувајќи ги Galaxy Z Fold5, Z Flip5 и сериите Tab S9, како и на сериите Galaxy S23 и S23 FE[7]. Дополнително, Samsung ви нуди можност од прва рака да доживеете подобрена продуктивност со серијата Galaxy Book4, која ќе биде претставена глобално од 26 февруари. На штандот на Samsung, со помош на функциите за поврзување на уредите на Galaxy ќе биде покажано како корисниците можат беспрекорно да ја зголемат продуктивноста, како на пр. лесно пренесување и уредување на фотографии и видео записи помеѓу Galaxy S24, Galaxy Book4 и Galaxy Tab S9.

Повеќе поврзани велнес искуства со вештачка интелигенција

Samsung ќе ја прикаже својата интелигентна здравствена серија на MWC, нудејќи им на корисниците уште поперсонализирани и беспрекорни здравствени искуства со трансформативната моќ на AI на повеќе уреди. Како дел од ова портфолио, Galaxy Ring е претставен како нов здравствен фактор што ја поедноставува секојдневната благосостојба, поддржувајќи попаметно и поздраво живеење преку поповрзана дигитална велнес платформа – Samsung Health.

Samsung е, исто така, подготвен да ги изложи претстојните интелигентни здравствени функции. На пример, функцијата My Vitality Score[8] нуди персонализирани здравствени увиди засновани на повеќе фактори, вклучувајќи сон, активност, пулс и варијабилност на пулсот, додека функцијата Booster Card[9] го прави секој ден поздрав со следење на однапред дефинираните цели и обезбедување активни увиди. Посетителите ќе можат да ги видат придобивките од овие функции на серијата часовници Galaxy Watch6 поврзана со Galaxy S24, пред јавното претставување оваа година.

Користејќи го екосистемот SmartThings на Samsung, Samsung покажува како домот може да се претвори во место за поздрав живот[10]. Ќе можете автоматски да ги вклучувате и исклучувате поврзаните светла за да имате пооптимален сон[11] или да поставите предупредувања како потсетник за земање лекови. Исто така, корисникот може да го контролира вежбањето и да ги мери пулсот и потрошените калории во реално време следејќи фитнес видео запис на поврзан телевизор, сето тоа во исто време.

Штандот на Samsung Galaxy Experience на MWC 2024 се наоѓа во сала 3 на Fira Barcelona Gran Via.

[1] Samsung не дава никакви ветувања или гаранции за точноста, комплетноста или доверливоста на резултатот од функциите за вештачка интелигенција. Можеби ќе биде потребно најавување на сметката Samsung за да се користат одредени функции на Samsung AI. Функциите на Galaxy AI ќе бидат достапни бесплатно најрано до крајот на 2025 година на поддржаните уреди Samsung Galaxy.

[2] Функцијата Live Translate (Превод во живо) бара мрежна врска и најавување на сметката Samsung. Оваа функција е достапна само на претходно инсталираната апликација Samsung Phone. Повиците мора да се вршат со матичниот бирач на Samsung. Одредени јазици може да бараат преземање јазичен пакет. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот. Точноста на резултатите не е загарантирана.

[3] Резултатите може да варираат во зависност од визуелните совпаѓања. Потребна е интернет врска. Корисниците можеби ќе треба да го ажурираат својот Android на најновата верзија. Функционалноста на производот може да зависи од поставките на апликацијата и уредот. Некои функции можеби не се компатибилни со одредени апликации. Достапноста на услугата варира во зависност од земјата и јазикот. Точноста на резултатите не е загарантирана. Времето за ажурирање може да варира во зависност од моделите.

[4] Само за текст во Samsung Notes; бара најавување на сметката на Samsung и интернет врска.

[5] Функцијата Generative Edit (Генеративно уредување) бара мрежна врска и најавување на сметката на Samsung. Уредувањето со оваа функција резултира со промена на големината на фотографијата до 12 MP. По зачувувањето се појавува видлив воден жиг на добиената фотографија со цел да се покаже дека таа е генерирана од вештачка интелигенција. Точноста и веродостојноста на генерираниот резултат не се загарантирани.

[6] AI Zoom се применува на растојанија помеѓу должините на дигиталниот зум. Точноста на резултатите не е загарантирана.

[7] Некои функции на AI од серијата Galaxy S24 може да не се достапни кај моделите од претходната генерација.

[8] Функцијата My Vitality Score ќе биде достапна на платформата Samsung Health во 2024 година. Достапноста може да варира во зависност од пазарот, операторот или носивиот уред. Функциите се наменети само за општа благосостојба и фитнес цели. Мерењата се само за ваша лична референца. Ве молиме консултирајте се со медицинско лице за совет.

[9] Функцијата Booster Card ќе биде достапна на платформата Samsung Health во текот на 2024 година. Достапноста може да варира во зависност од пазарот, операторот или носивиот уред.

[10] Достапно на паметни уреди кои се регистрирани на платформата SmartThings. Достапноста може да варира во зависност од пазарот или уредот.

[11] Потребна е најновата верзија на мобилните апликации Samsung Clock и SmartThings за поставките на околината на спиење.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK