Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, се лекува во љубљанската болница поради сомнително воспаление на бубрезите, дознава СТА од МНР.
Таа инаку се чувствува добро, а се очекува да остане во болница неколку дена, пренесува оваа агенција.
Тања Фајон поради лоша состојба е хоспитализирана во неделата попладне по враќањето од Њујорк, каде во петокот присуствуваше на седниците на Генералното собрание на ОН и на Советот за безбедност на ОН по повод втората годишнина од руската агресија врз Украина.