Два милиони животни угинаа во Монголија поради екстремната зима

Два-милиони-животни-угинаа-во-Монголија-поради-екстремната-зима.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Повеќе од два милиони животни угинаа оваа зима во Монголија, изјави владин претставник додека земјата се бори со екстремен студ и снег.


Екстремно ниските температури од декември до март не се новина во источноазиската земја, каде во некои области можат да паднат и до -50 степени Целзиусови.

Но, оваа зима беше поостра од вообичаеното, со температури под нормалата и многу обилен снег, се вели во неодамнешниот извештај на Обединетите нации. Гантулга Батсаихан од Министерството за земјоделство изјави дека до денес 2,1 милион говеда угинале од глад и исцрпеност.

На крајот на 2023 година, Монголија имаше 64,7 милиони такви животни, вклучувајќи овци, кози, коњи и крави, според официјалната статистика. Овие екстремни временски услови, обично доведуваат до смрт на огромен број домашни животни.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK