Израел денеска изврши најмалку два истовремени напади врз цели околу либанскиот град Баалбек, изјавија за Ројтерс два безбедносни извори, што го означи првото израелско бомбардирање на источен Либан од избувнувањето на регионалните судири по почетокот на војната во Газа.
Израелската војска соопшти дека „во моментов гаѓа терористички цели на Хезболах длабоко во Либан“, но не даде дополнителни детали. Вооружената група Хезболах, која е поддржана од Иран, не го коментираше веднаш инцидентот.
BREAKING: ISRAEL IS NOW BOMBING BAALBEK IN SOUTH LEBANON FOR THE FIRST TIME
Baalbek is a beautiful town in Lebanon. Israel continues its bombing and destruction pic.twitter.com/GO2gbgLz2y
— Sulaiman Ahmed (@ShaykhSulaiman) February 26, 2024
Хезболах и израелската војска разменуваат оган долж јужната граница на Либан од октомври, кога Хезболах лансираше проектили кон Израел како поддршка на својот палестински сојузник Хамас, кој води војна против Тел Авив во Појасот Газа.
Израелските напади досега беа главно ограничени на јужната погранична провинција Либан, иако во изминатите неколку недели тие се проширија кон север. Денешниот бомбашки напад е продолжување на кампањата на Израел, изјави извор од либанските безбедносни сили.
BREAKING: ISRAELI DRONE TARGETED WAREHOUSE AND BUILDING IN BAALBEK LEBANON pic.twitter.com/oTLtiZJ5QY
— Sulaiman Ahmed (@ShaykhSulaiman) February 26, 2024
Либанската телевизија Ал-Џадид објави снимка од облаци чад што се издигнуваат од дел од Баалбек. Областа околу Баалбек, во либанската долина Бека, е добро познато политичко упориште на Хезболах, а има и антички римски урнатини, а исто така е важен земјоделски и транспортен центар на Либан.