Четириесет и деветгодишниот М.Љ. од тетовско Слатино, вчера во 19 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 14 часот во тетовско Теарце, на враќање од фудбалски натпревар, бил физички нападнат од Т.И.(37) од ова село.
Во текот на денот Т.И. ќе биде повикан на службен разговор во Полициското одделение Теарце за расчистување и документирање на случајот, соопшти полицијата.