Поднесена е нова жалба против францускиот актер Жерар Депардје за сексуален напад, наводно извршен за време на снимање на филм, објави адвокатката Карин Дирије Дибол.
Правниот застапник веќе ја брани актерката Шарлот Арнол, наводната жртва на силување, поради што во декември 2020 година веќе беше покренато обвинение против францускиот актер, а во петокот таа испрати нова тужба против Депардје до Јавното обвинителство на Париз, во која се наведуваат сексуален напад, сексуално вознемирување и сексистички навреди, пишува Н1.
Актерот досега беше обвинет за сексуално вознемирување и напад од 13 жени, но тој ги негира обвинувањата.
Овој пат, жалбата ја поднела сценографката на сетот по име Амели, која за порталот Медиапарт изјавила дека на 10 септември 2021 година, Депардје прво ја навредил и кажал неколку вулгарни забелешки, а потоа „брутално ја грабнал“ и сексуално ја вознемирувал.
Инцидентот датира од 2021 година и, според адвокатот, не е застарен, а се случил на снимањето на филмот „Les Volets verts“ во Париз. Пријавениот напад наводно бил спречен од телохранителите на актерот.
Повеќекратните обвинувања против Депардје во Франција ги поделија културните и кинематографските кругови, а феминистичките групи жестоко излегоа против оние на страната на актерот.