Борел: Европа е во опасност поради две војни во близина

Борел-Не-гледаме-светло-на-крајот-од-тунелот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел објави дека на Минхенската безбедносна конференција имал одвоени средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, за деескалација на тензиите во односите меѓу Белград и Приштина, но разговорите биле неуспешни, пренесуваат српските медиуми.


Сумирајќи ги резултатите од конференцијата во Минхен, Борел ги претстави четирите главни задачи од геополитичката агенда на ЕУ, а тоа се поголема и побрза поддршка за Украина, ставање крај на хуманитарната катастрофа во Појасот Газа и спроведување на одлуката за формирање две држави, подобрување на односите на ЕУ со „глобалниот југ“ и зајакнувањето на одбраната и безбедноста на Унијата, објавено е на веб-страницата на службата за надворешни работи на ЕУ.

Борел посочува дека атмосферата на годинешната конференција во Минхен била посебна бидејќи, како што наведе, сите станале свесни дека Европа е во опасност поради двете блиски војни и многу потенцијални конфликти ширум светот.

Борел посочува дека остварил голем број билатерални средби со партнери од ЕУ од целиот свет.

Шефот на европската дипломатија потсети и дека учесниците на првиот ден од конференцијата дознале за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во казнената колонија во Сибир и дека му оддале почит на 19 февруари во присуство на вдовицата на Навални, Јулија Навални.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK