Променливо облачно и релативно топло, претежно во западните делови со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје променливо облачно и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 17 степени.
До среда времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со умерен до краткотрајно засилен ветер од јужен правец. Во ноќта кон четврток ќе започнат врнежи од дожд кои во четврток се очекуваат да бидат наместа пообилни и проследени со засилен јужен ветер.