Германскиот селектор, Јулијан Нагелсман, со задоволство би се вратил Баерн Минхен.
Оваа вест денеска ја објави германскиот канал на „Скај спортс“, кој се повикува извори блиски до малдиот тренер.
Нагелсман верува дека има незавршена работа во Минхен, што е точно со оглед на тоа дека тој беше отпуштен на крајот на март минатата година.
Томас Тухел до крајот на сезоната за малку ќе ја прокоцкаше титулата, која оваа сезона со поголема сигурност ќе му ја предаде на Баер Леверкузен.
Тој го напушта клубот на лето, познато е дека Баерн го бара најдоброто решение, на мета е Чаби Алонсо, но доколку Шпанецот сепак реши да остане во Леверкузен или да замине во Ливерпул, тогаш Нагелсман е „план Б“.
Оваа опција не е толку сензационална, бидејќи во Баерн повеќе ги нема луѓето кои го избркаа од клубот. Во март минатата година отказот на Нагелсман му го врачија тогашниот претседател и спортски директор, Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ.
Нагелсман со Фудбалскиот сојуз на германија има договор до завршувањето на Европското првенство.