Трамп победи и во Јужна Каролина на изборите за републикански претседателски кандидат

Трамп-победи-и-во-Јужна-Каролина-на-изборите-за-републикански.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп (77) победи на партиските избори во државата Јужна Каролина, откако освои 61 отсто од гласовите, а неговата противкандидатка Ники Хејли 39 отсто, со што се доближи до републиканската номинација за претседателските избори во ноември.


– Никогаш не сум ја видел Републиканската партија толку обединета како што е сега. Само посакувам да направиме избори во партијата побрзо, рече синоќа Трамп.

Ривалката на Трамп, Хејли (52), која беше гувернерка на Јужна Каролина, му честиташе на Трамп и рече дека планира да ја продолжи трката, иако загуби во три други сојузни држави – Невада, Њу Хемпшир и Ајова.

Нејзиниот предизборен тим соопшти дека планираат да потрошат повеќе од еден милион долари за реклами во 15 држави кои гласаат на 5 март, познат и како „супер вторник“, јави „Вашингтон пост“.

Нејзиниот тим планира денеска и утре да го посети Мичиген, по што ќе следат посети на најмалку шест други држави кои гласаат на 5 март.

– Мојата желба за номинација е поттикната од фактот што имате мнозинство Американци кои велат дека не ги сакаат ниту Трамп ниту Џозеф Бајден за претседател. Сè додека имате мнозинство Американци кои велат „ве молиме дајте ни шанса“, јас ќе продолжам да се борам, рече Хејли.

Сепак, изборниот штаб на Трамп ги отфрли континуираните напори на Хејли да остане во трката за номинација, велејќи дека „нејзината заблуда го поматува нејзиното расудување и оти таа не живее во реалниот свет“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK