„Состојбата на „50 девизија“ е слика кога ВМРО-ДПМНЕ даваше дозволи за градба без паркинг места“, реагира општина Центар

Општина-Центар-со-препорака-со-јавните-и-угостителски-објекти-да.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„ВМРО-ДПМНЕ ОК Центар, денеска зборува за хаос во паркирањето, ама не зборува дека директен виновник за тоа е нивното 12 годишно недомаќинско работење во општината. Општина Центар потсетува дека ВМРО-ДПМНЕ е таа која издаваше дозволи за градба без доволен број паркинг места за потоа истите да ги пренамени во деловни објекти“, реагира општина Центар на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ ОК Центар.


„Да се грижеше толку ВМРО-ДПМНЕ ОК Центар за паркирањето немаше да троши пари за непродуктивни проекти како лавови, тигри, врби, галиите во Вардар и слично.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ и нивното работење, во Општина Центар после подолг период се изработени и одобрени нови сообраќајни проекти и паркинг решенија за режим на сообраќај во населбите Дебар Маало, Буњаковец, Парк, Капиштец и Старо Водно, со што се зголемува безбедноста во сообраќајот и ефикасноста во регулирање на паркирањето.

Се регулираше паркинг просторот зад објектот на Влада во сектор Парк во близина на Жабар. Се ослободија претходно узурпирани паркинг простори на повеќе локации, меѓу кои и улица Тетовска и истите се наменети за резидентите во тој сектор.

Изработен е целосно нов паркинг до ООУ ,,Коле Неделковски’’ во Дебар Маало и се реконструираше и пушти во употреба нов паркинг зад Народна банка и нов резидентен паркинг во Буњаковец. Голем број на нови резидентни паркиралишта пренаменети од комерцијални, дури и на поголеми улици што досега не било пракса, како на пример реконструираните улици Орце Николов и Ленинова. Резидентни паркирања се воведоа и зад Дом на Арм, зад Даре Џамбаз како и на ул. 50-та Дивизија бр.34 и соседната до неа ул.1738 каде во согласност со жителите исто така се воведени резидентни паркинзи.

Градоначалникот Горан Герасимовски на чело на Општина Центар успеа да реши децениски проблем на граѓаните со донесување на новиот ДУП за Клинички центар и Геолошки завод со кој се предвидува паркинг за околу 600 возила, нова градинка и парковско уредување.

Сликите со кои денеска ВМРО-ДПМНЕ мафта пред медиумите се слични како општините каде тие ја имаат локалната власт. Да не заборавиме дека Општина Центар, како централно подрачје на Скопје има најголема фреквенција на луѓе, институции, болници, културни центри.

Општина Центар и граѓаните никогаш нема да го заборават корумпираното и недомаќинско владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Истовремено, Општина Центар ги советува ОК Центар да се консултираат со соодветни лица од областа на сообраќајот кога објавуваат вакви бледи напади, бидејќи пратените фотографии претставуваат непрописно паркирање кое нема поврзаност со резидентни или нерезидентни паркинзи. За ваквото паркирање ингеренции за санкционирање има Министерството за Внатрешни Работи, а не општината“, се додава во реакцијата на општина Центар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK