ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Тотален хаос на улицата 50 Дивизија

ОК-Центар-на-ВМРО-ДПМНЕ-Тотален-хаос-на-улицата-50-Дивизија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Негрижата и незнаењето на Горан Герасимовски постојано создава проблеми за центарци! Најнов пример е сообраќајната катастрофа како резултат на необележани улици, не поставување соодветна сигнализација и невоведување резидентно паркирање. Сево ова прави на 50та Дивизија автомобилите да не можат да се разминат, а жителите да се приморани да паркираат по тротоари“, велат од ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ.


„Но, оваа улица не е исклучок. Кадрите на СДСМ со години ја уништуваат општината, а центарци со соочуваат со супстандардни услови за живот. Хигиена на најниско ниво и урбана опрема која ја има само во ветувањата на власта.

Редно е градоначалникот Герасимовски конечно да излезе од канцеларија, лично да им се извини и да им одговори на центарци, дали не сака или едноставно е неспособен да се справи со проблемите!“, се наведува во соопштението на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK