Александар Јошески од Прилеп на кого му беше изгубена трагата завчера попладне, синоќа беше пронајден починат.
На Фејсбук се огласи и неговата ќерка, која го објави и апелот за пронаоѓање на прилепчанецот.
„Го пронајдовме. Ви благодарам на сите за помошта. Бог да го прости, не е повеќе меѓу нас“, напиша Ана Марија Јошеска.
Како што додава Јошеска , погребот ќе се изврши денеска на новите градски гробишта- Прилеп.
„Телото ќе биде изложено во капелата на новите градски гробишта од 15:00 до 16:00- Прилеп“, напиша таа.