Орбан: „Унгарија потпиша договор за соработка со Шведска во одбранбената индустрија“

Орбан-„Унгарија-потпиша-договор-за-соработка-со-Шведска-во-одбранбената.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Унгарија ќе потпише договор за соработка со Шведска во областа на одбранбената индустрија, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан пред средбата со шведскиот премиер Улф Кристерсон  во Будимпешта.



Орбан изјави за државното радио дека Унгарија и Шведска ќе ги решат сите отворени прашања меѓу двете земји, како и ќе постават цели за воена соработка, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека унгарскиот парламент на седницата во понеделник ќе го ратификува барањето на Шведска за членство во НАТО.

Шведска поднесе барање за влез во НАТО во мај 2022 година, а Унгарија е единствената членка на Алијансата која сè уште не го ратификувала барањето на Стокхолм.

Унгарија досега одбиваше да го исполни барањето на Шведска, наведувајќи ги поплаките дека Шведска го критикува успехот на Унгарија во исполнувањето на стандардите за владеење на правото.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK