Еурофарм Пелистер поразен во Кил

Еурофарм-Пелистер-поразен-во-Кил.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ракометарите на Еурофарм Пелистер, во 12.коло во Лигата на шампионите, вечерва доживеака пораз во Кил 29:23 (19:10). Шампионот на Македонија и Целје се единствените тимови беа освоен бод во досегашниот тек од лигата.


Еурофарм Пелистер одигра ужасно прво полувреме. Фаворитот Кил натпреварот го отвори со предност 6:1, потоа беше и 11:4, а во финишот на првиот дел разликата беше двоцифрена (17:7).

Во второто полувреме македонскиот шампион го поправи впечатокот. Вториот дел „зелените“ го добија со 13:10.

Богдан Радивојевиќ со шест и Жарко Пешевски со четири гола беа најефикасни кај Пелистер. Дбар меч одигра и голманот Лесјак, заврши со 11 интервенции.

Кај Кил се истакна репрезентативецот на Фарските острови, Скипаготу со осум гола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK