Хутите погодија брод со проектили

Хутите-погодија-брод-со-проектили.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јеменските бунтовници Хути со два проектила погодија брод што пловел во Аденскиот залив. На бродот избувнал пожар, објавија две поморски агенции. Тоа е последен во серијата напади на исламистичките бунтовници Хути кои значително го нарушија глобалниот поморски сообраќај.


„Бродот беше нападнат со два проектила, што резултираше со пожар на бродот“, објави британската трговска поморска канцеларија, додавајќи дека „коалициските сили реагираат на нападот“.

Безбедносната фирма Амбри, исто така, објави пожар на генерален товарен брод под знамето на Палау, во британска сопственост, по двата ракетни напади југоисточно од јеменскиот Аден. Се чини дека бродот тргнал од Мапа Та Пхут, Тајланд и се упатил кон Црвеното Море, рече Амбри.

„На трговските бродови им се препорачува да се држат подалеку од бродот и да продолжат со претпазливост“, објавија оттаму.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK