Максим Димитериевски е кандидатот за претседател на Македонија на Двиењето ЗНАМ – за наша Македонија на претстојните претседателски избори, – соопшти портпаролот на партијата Никола Мемов, на денешната прес-конференција.
Тој нагласи дека на Македонија и е потребен татко на нацијата, чувар на идентитетот и заштитник на историјата.
„На Македонија и е потребна предвидливост, надеж, стабилност, сигурност, правда, иднина. На Македонија и е потребен Максим Димитриевски“, нагласи Мемов.
Како што додаде на овие избори граѓаните на Македонија за прв пат ќе имаат можност да го дадат својот глас за одредена опција, а не како досега да гласаат против.
„Крајно време е да се случи вистинската промена на политичката сцена во Македонија“, рече тој.
Мемов посочи дека од утре почнува постапката за собирање потписи и граѓанската поддршка на кандидатот за претседател и додаде:
„Ги повикуваме граѓаните да се одважат и масовно да ја поддржат кандидатурата на Максим Димитриевски за претседател со давање потпис во општинските канцеларии на Државната изборна комисија.
Запрашан кои се очекувањата на изборите, Мемов рече:
„Очекуваме победа. Партиската аналитика ни говори дека нашиот кандидат за претседател со сигурност ќе влезе во вториот круг“, а потоа и конечна победа.