Ретклиф: Во Јунајтед не инвестирав за да заработам пари

Ретклиф-Во-Јунајтед-не-инвестирав-за-да-заработам-пари.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сер Џим Ретклиф во своето прво интервју како косопственик на Манчестер јунајтед истакна дека парите не му биле мотив кога решил да инвезтира во клубот.


Во вторникот, Ретклиф официјално стана сопственик на 27,7 отсто од акциите на Јунајтед, за 1,5 милијарди долари.

Ретклиф е најбогатиот Британец, своето богатство го стекнал преку петрохемиска компанија ИНЕОС.

Глејзерс, мнозинските сопственици, му дадоа целосна контрола врз развојот на клубот, вклучувајќи ја инфраструктурата и тимот.

„Воопшто не ме интересира финансискиот аспект на мојата инвестиција бидејќи заработувам доволно пари од хемикалии, нафта и гас“, изјави Ретклиф во своето прво официјално интервју за клупската телевизија.

ИНЕОС е глобален петрохемиски производител со годишни приходи од приближно 65 милијарди долари.

„Манчестер јунајтед нема успеси веќе 11 години, и мора да се врати таму каде што припаѓа, во врвот на лигата“, додаде милијардерот.

Неговата компанија веќе инвестираше во неколку други спортски тимови, меѓу другите во третопласираната екипа од француската Лига 1 Ница и во Ф! тимот на Мерцедес.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK