Лук Литлер го потпиша најголемиот договор во историјата на пикадото

Лук-Литлер-го-потпиша-најголемиот-договор-во-историјата-на-пикадото.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британецот Лука Литлер потпиша соработка со компанијата „Таргет Дартс“, која произведува стрелички за пикадо.


Според локалните медиуми, тоа е најголемиот спонзорски договор во историјата на пикадото.

16-годишникот стана светска сензација на неодамнешното Светско првенство во Лондон во јануари, кога загуби од Лук Хемфрис во финалето.

Литлер стана најмладиот вицешампион на планетата, а најпрвин стана најмладиот победник на натпревар на СП.

Компанијата „Таргет Дартс“ го следи Литлер од неговата 12-годишна возраст, а новиот договор е потпишан само еден месец откако Лук наполни 17 години.

Британски „Сан“ тврди дека станува збор за милионска сума на пари што Литлер ќе ја добие во следните пет до десет години, а ќе има и процент од продадената опрема.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK