Основниот кривичен суд Скопје донесе ослободителна пресуда за ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, ексначалникот на Петтата управа Горан Грујовски и шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, во предметот „Трезор“.
Судијката Имране Селмани, рече дека обвинетите се ослободуваат од обвинението бидејќи јавниот обвинител не докажал надвор од разумно сознание дека го сториле делото за кое се обвинуваат.
Предметот се однесуваше на набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.
Судењето беше повторено откако Апелациониот суд Скопје ги прифати жалбите на обвинетите пред две години и ја укина првостепената пресуда која беше донесена во 2021 година.