Повеќе лица повредени во судир на две возила во Тетовско

Две-лица-тешко-повредени-при-судир-на-патничко-и-товарно.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Синоќа во 19 часот и 40 минути во СВР Тетово е пријавено дека на крстосницата на регионалниот пат Тетово-Јажинце со регионалниот пат за тетовски Лешок се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила со тетовски регистарски ознаки: „фолксваген голф“ што го управувала 30-годишната Б.Х. од тетовско Орашје и „фолксваген голф“, управуван од 62-годишниот Т.С. од тетовско Нераште.



Во несреќата, Б.Х. и сопатничката од истото возило Н.Х.(58) се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница каде биле пренесени за укажување на лекарска помош, додека вториот возач и двајца малолетни сопатници се здобиле со телесни повреди.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK