(Видео) Вработени од Итна помош снимени како малтретираат старец во Романија: го тепале и понижувале

Видео-Вработени-од-Итна-помош-снимени-како-малтретираат-старец-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Медицинска сестра и портир, вработени во Итната помош, се снимени како тепаат и малтретираат пациент во болница во Бралад, Романија, поради што добиле отказ и против нив е покрената дисциплинска постапка.
На видеото според написите во медиумите, снимено од друг пациент на мобилен телефон може да се види како вработените во оваа болница понижуваат и тепаат старец кој е слаб и не може сам да оди.


Инцидентот се случил во рамките на болницата, а пациентот кој ја снимил непријатната ситуација лежел со него на ургентниот центар, стои во написите.

На видеото се гледа како медицинскиот персонал го удира старецот, а кога тој се обидува да се потпре на другиот кревет за да стане, тие почнуваат бурно да реагираат и да му замеруваат.

Овие сцени ги видела и управата на болницата која веднаш ја започнала истрагата.

„Откако го прегледавме видеото што беше снимено на 25 јануари 2024 година во итната медицинска помош и на кое се гледа како двајца вработени во болницата (портир и медицинска сестра) брутално мобилизираат постар пациент со недолично однесување, раководството започна истрага. Од вработените бепе побарано образложение и одлучено е да се поведе дисциплинска постапка против нив.Комисијата е закажана за 02.02.2024 година“, соопштија од болницата.

Тие прецизираа дека „менаџментот на институцијата не толерира вакво однесување и ќе бидат преземени потребните законски мерки“.

„До завршување на дисциплинската истрага, двајцата вработени ќе бидат внимателно следени од помошникот на началникот на смена во текот на целата активност“, соопшти раководството на Општинската болница Барлад.

Министерот за здравство го осуди однесувањето на двајцата.

„Никој што е болен, со тешкотии, кој не може да се движи, не заслужува ваков третман. Ваквите немаат што да бараат во здравствениот систем“, изјави по инцидентот Александар Рафила, министер за здравство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK