Претрес во Штип, пронајдена дрога

Претрес-во-Штип-пронајдена-дрога.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 21.40 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода К.А.(38) и 20 – годишната Д.О., двајцата од Штип.


При претрес во домот на К.А., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени прашкаста материја и дигитална вага. Притоа, полициските службеници ги спречиле К.А. и Д.О. да ги прикријат доказите и да фрлат прашкаста материја во лавабо.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK